Уникатен соговорник

Дипломат и лингвист со срце и душа кој нуди квалитетно решение за сите Ваши потреби и предвидени проекти. Од конципирањето до реализацијата, Ве придружувам, чекор по чекор, низ целиот Ваш проект и се грижам за Вашите потреби и проекти како да се мои.

Мојата филозофија

Се залагам за изнаоѓање на соодветни и секогаш изводливи решенија кои се резултат на јасна комуникација и плодна и доверлива соработка помеѓу мене и моите клиенти.

Персонализирани услуги

Секое решение е индивидуално конципирано за вас – изготвено по мерка за да одговара на Вашите потреби. Без разлика дали се работи за превод, толкувачка или индивидуална услуга – тука сум да ги сослушам сите Ваши потреби како би можел да Ви понудам решение со кое ќе бидете задоволни.

Актуелности

Откријте ги сите најнови актуелности од светот на преведувањето, дипломатијата и сите тематски поврзани области.

Експертиза

Со посветеност до успех …

Мирослав има посебна љубов кон јазиците и дипломатијата. Неговата најголема љубов е преведувањето и дипломатскиот протокол. Опкружен со јазици и домашно воспитување уште од мали нозе, тој потсвесно секогаш беше сигурен дека јазиците и дипломијата се областите на кои тој би го посветил својот професионален живот.

Со својата диплома по основни студии (Bachelor) по англиски јазик и книжевност и дипломата по магистерски студии (Master) по дипломатија и безбедност, поседува длабока основа и експертиза за да изгради кариера во тие области – создавајќи комбинација која ќе го конституира својот професионален живот.

Дипломат и лингвист со срце и душа во Скопје

По 22 години животно искуство во срцето на Европа меѓу Алпите, летото 2013 година, се одлучи да се врати со своите родители во пензија на своите корени во срцето на Балканот – портата на Европа – и да се пресели во Скопје, родниот град на мајка му, убеден дека тоа е вистинското место за да го спои приватниот и професионалниот живот.

Тој себеси, не само како преведувач, туку и како дипломат, се разбира како мост помеѓу културите, обезбедувајќи меѓусебно разбирање помеѓу културите и взаемен мир помеѓу државите со решенија по мерка.