Испорака по пошта


Можете да дојдете лично и да го подигнете вашиот судски превод во мојaта канцеларија, на ул. 2 бр. 74А, нас. Визбегово, 1010 Скопје, Македонија, исклучиво по најава однапред, или судскиот превод ќе го добиете преку FedEx.

Тарифите за испорака на пратка со тежина од 250 г се следниве:

  • Во Македонија:
    од 250,00 MKD
  • Во Европа:
    1 860,00 MKD (Зона 9 до Зона 11) или 2 136,00 MKD (Зона 12)
  • Надвор од Европа:
    1 710,00 MKD (Зона 1) или од 2 155,00 MKD (Зона 2 до 8)

Напомена: Тарифите се предмет на измени од страна на FedEx. За прашања поврзани со тарифите во вашата држава или за дополнителни прашања, Ве молам, обратете се во вашата најблиска FedEx филијала или до корисничката поддршка на FedEx.

FedEx, по правило, испораката ја врши во рок од 3 работни дена помеѓу 8:00 и 18:00 часот (локално време), освен в недела и на државни празници. Ве молам, имајте на ум дека ќе треба да ја потпишете потврдата за прием пред да ја преземете вашата пратка.

Штом ќе се испрати истата, добивате »Track & Trace« код преку SMS или е-пошта со којшто ќе можете да ја следите преку »FedEx Mobile App«, достапна бесплатно на Google Play Store и Apple App Store.

Совет: Доколку се одлучите да ми го доставите документот за преведување по пошта, Ве замолувам истото да го сторите со FedEx, со цел да го изготвам потребниот судски превод во најбрз можен рок, а Вие да го имате в раце само неколку дена подоцна.