Судски превод


Судскиот превод е документ од официјален карактер извршен од постојан судски преведувач. Во Македонија, сите службени документи кои потекнуваат од странска држава мора да бидат преведени на македонски јазик од страна на постојан судски преведувач за да можат да бидат прифатени од државните институции во сите административни постапки во Македонија.

Претежно преведувам текстови од областа на право и економија – но, и текстови од областите како што се маркетинг, комуникација, реклама и човечки ресурси.

Како постојан судски преведувач, секој превод кој излегува од мојата канцеларија – со мојот потпис и печат како гаранција – е изготвен со потребната внимателност и највисокиот квалитет за да ја потврди точната истоветност со изворниот документ.

Не Ви треба судски превод? Со задоволство ќе преведам за Вас и текстови без заверка и од други, погоре ненаведени, области. Прашајте ме слободно.