Толкување


При толкувањето се пренесува говор од еден кон друг јазик од страна на толкувач. Во текот на толкувањето, се осигурувам дека го разбирате вашиот соговорник – и дека тој ве разбира Вас – и дека ги имате сите потребни информации пред да можете да донесете одлука или да склучите договор од особена важност за Вас.

Како судски преведувач, секогаш сум тука за Вас за да ве придружувам во сите ваши административни постапки – на суд, на адвокат или на нотар. Можам да ве осигурам дека никогаш нема да бидете сами – заедно ќе ги завршиме сите ваши административни постапки – чекор по чекор.



Мојот занает го изучив во годините 2010-2012 на Институтот за странски јазици на Град Минхен, Баварија, Германија, и го усовршив во годините 2013-2018 на АУЕ-ФОН Универзитет во Скопје, Македонија, којшто ми ги отвори вратите кон деловниот свет.

Од 2019 година, по поставување од Министерството за правда за Основен кривичен суд Скопје и Основен граѓански суд Скопје, работам како постојан судски преведувач и толкувач за англиски, германски и српски јазик, а од 2020 година и за француски јазик.

Од 2020 година сум придружен член во Здружението на преведувачи и толкувачи (ЗПРМ) и ми претставува голема чест што сум дел од тоа големо семејство.

Целта на моето членство е унапредувањето на квалитетот на работата на преведувачите и толкувачите, благодарение на моето долгогодишно животно искуство во Европа, и сум го докажувал тоа во неколку наврати и активности, како на пример, со моето учество во изготвувањето на предлогот за долгоочекуваниот »Закон за преведувачи и толкувачи«, или поактуелно, со моето учество со предлози за редизајн на веб-сајтот на ЗПРМ.