Трошоци


Во Основниот граѓански суд Скопје, таксата за Апостил печатот чини 300,00 денари. Во Министерството за правда, таксата за Апостил печатот, односно легализацијата, чини 100,00 денари за еден документ, а 50,00 денари за секој дополнителен документ. Постапката можете да ја извршите лично. Доколку сакате, можам да Ви понудам лично да се погрижам за потребните легализации на вашиот документ за надомест за услугата.

За сите мои преведувачки и толкувачки услуги, тарифите ги утврдувам согласно Тарифникот за судски превод и толкување од Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Северна Македонија (ЗПРМ). Наплатата на истите се врши преку трансакција во банка. За толкувачките услуги, дополнително постои опција за плаќање во готово и на лице место на толкувањето.