Дипломатија & Меѓународни односи


»Дипломатијата е уметноста да се изговори суровата вистина«
– Винстон Черчил

Дипломатијата е воспоставениот метод за влијание врз одлуките и однесувањето на странските влади и народите преку дијалог, преговори и други мерки што не се војна или насилство.

Зборот »дипломатија«, преку францускиот јазик, потекнува од грчкиот збор »δίπλωμα« (díploma), од »διπλός« (diplós), означувајќи нешто што е здиплено. Таков »здиплен« документ означуваше привилегија за имателот – нпр. дозвола за патување. Подоцна, контекстот се прошири и на сите меѓудржавни договори.

»Дипломатијата е способноста да отераш некого по ѓаволите на таков начин што со нетрпение ќе чека да стигне до нив«
– Винстон Черчил

Како изучен дипломат, ги следам сите случувања во меѓународните односи и предвидувам можни случувања според логиката и принципот »акција-реакција«.

Покрај јазикот, како главната алатка на дипломатот, дипломатите се служат со Виенската конвенција за дипломатски односи (1961) и Виенската конвенција за конзуларни односи (1963) како и со Повелбата на Обединетите Нации (1945) кои, како едни од најважните меѓународни документи, важат за »трите конвенции« на дипломатијата и највисоките правила, покрај меѓународното право, во меѓународните односи.

Дипломатското делување од вчера нè доведе онаму кадешто се наоѓаме денес – размислувањето од утре ќе нè движи напред и придвижи кон иднината.



Својот занает го изучив во годините 2018 и 2019 на Факултетот за дипломатија и безбедност во Белград, Србија, коешто ми ги отвори вратите кон светот на дипломатијата и меѓународните односи.